Дома Фудбал Репрезентации За наводните преговори со Македонија се огласи и Просинечки

За наводните преговори со Македонија се огласи и Просинечки

Вчера во македонската јавност како „бомба“ одекна веста која ја пласираше српски „Курир“ дека Роберт Просинечки многу брзо ќе биде промовиран во нов селектор на Македонија.

По веста следуваше и демант од ФФМ, а сега се огласи и Просинечки кој потврди дека првпат слуша дека тој преговарал со Македонија.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Искрено, првпат слушам од вас, ниту некој ме контактирал, ниту пак сум прочитал. Не сум разговарал со никого од Фудбалската Федерација на Македонија. Откако се вратив од Турција дома сум во Загреб и нема други новости“, изјави Просинечки за хрватските медиуми.

Инаку, македонската јавност очекува на Игор Ангеловски да му биде продолжен договорот и се друго би било огромно изненадување.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Две лица во последен момент не се качиле во комбето со навивачи на ПАОК

Грција ја потресе веста за страшната сообраќајна несреќа во Романија, во која животот го з…