Барселона пред неколку дена објави дека од страна на навивачите голот на Лионел Меси против Гетафе во 2007 година е избран за најдобар гол во историјата на овој клуб.
Навивачите на Барселона имаа прилика да гласаат за најдобриот гол во историјата на каталонскиот клуб, а на крајот победник беше Меси. Станува збор за голот против Гетафе кога Меси го издрибла скоро целиот тим и ја погоди мрежата.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа во разговор за аргентинските медиуми Меси порача дека за него тоа не е најдобриот гол кој го постигнал во дресот на Барселона. Аргентинецот не може да ги заборави головите против Реал Мадрид, а еден посебно се издвојува.
„Јас не би го избрал голот против Гетафе. За мене друг гол е најдобар, оној против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите во 2011 година. Игравме на „Бернабеу“ и ја постигнав два гола, а оној кога поминав неколку играчи на Реал за мене е најдобар. Исто така би го издвоил и голот против Манчестер Јунајтед во финалето од Лигата на шампионите“, изјави Меси.
Инаку, Меси зборуваше и за ситуацијата во Аргентина.
„Ја напуштив репрезентацијата и едноставно не зборував со никого од Сјузот. Подоцна ми се јави Лионел Скалони и ми рече да се одморам некое време и дека тој посакува повторно да се вратам за да започнеме нова фаза“, откри Меси.