Јирген Клоп на крајот од сезоната ќе го напушти Ливерпул, а медиумите ширум Европа шпекулираат која би можела да биде следната дестинација на германскиот стратег.
Сигурно тоа нема да биде ниту еден клуб од Англија, Клоп веќе вети дека нема да тренира друг клуб во Премиер лигата. Клоп сигурно е желба на екипите кои остануваат без тренер, меѓутоа во овој момент како најреална дестинација изгледа репрезентацијата на Германија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германската репрезентација поминува низ тежок период во кој не успева да ги постигне посакуваните резултати и покрај големите ѕвезди кои играа за оваа земја. Се погласни се теориите дека Клоп ќе го наследи Јулијан Нагелсман по Европското првенство кое се игра токму во Германија.
Нагелсман има договор до крајот на Европското првенство, а дел од поранешните репрезентативци веќе изјавуваа дека сакаат да го видат Клоп на селекторската функција.
„Ако Клоп сака да ја преземе репрезентацијата треба да се најде привремено решение. Во тој случај нема подобри опции од Вагнер и Ханес Волф“, изјави Диетмар Хаман за германските медиуми.