Дома Фудбал Светско првенство во фудбал За Бускетс една репрезентација е пред сите останати на Мундијалот

За Бускетс една репрезентација е пред сите останати на Мундијалот

На 14 јуни во Русија започнува Светското првенство фудбал, остануваат само уште 12 дена, а фудбалерите веќе ги откриваат своите очекувања и според нив најголемите фаворити.

Серхио Бускетс е дел од селекцијата на Шпанија која секако е еден од првите фаворити за освојување на титулата светски шампион, но според Бускетс Бразил е репрезентацијата која што се издвојува.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


„Фаворит број еден е Бразил, а потоа доаѓаат група на репрезентации од Германија, Шпанија, Аргентина и Франција. Овие репрезентации имаат одлични играчи, тоа се големи репрезентации и доколку трофејот заврши во една од овие репрезентации не би било никакво изненадување“, изјави Бускетс за каталонската телевизија.

„Нашата група не е лесна (Португалија, Мароко и Иран), но ако бидеме добро можеме далеку да стигнеме“, додека фудбалерот на Барселона.

Играчот за врска во овие моменти се припрема со репрезентацијата во спортскиот центар Лас Розас во Мадрид. Бускетс потоа ги прокоментира и шансите на Лионел Меси со Аргентина.

„На Меси не му треба светското првенство за да се знае дека е најдобар во светот. Тој е најдобар во последните неколку години и секогаш луѓето ќе го паметат“, заврши Бускетс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Инзаги може како Мурињо – една работа им се повторува!

Фудбалскиот клуб Интер повторно е во полуфиналето на Лигата на шампионите, и не само тоа, …