Екипата на ЖФК Љуботен се засили со Бразилката Јосане Де Фреитас Азаведо или позната како „Лулу“.
Бразилката повеќе од еден месец беше во клубот, а сега и ќе потпише договор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Јосеане Де Фреитас Азеведо LULU е нов член на нашиот тим.Популарната LULU како што е позната во Бразил речиси еден месец е дел од нашиот колектив по што може да констатираме дека ЖФК Љуботен го доби едно од најквалитететните интернационални засилувања во домашниот шампионат ако не и најдоброто. 33 годишната искусна и прекалена Lulu во својата кариера настапуваше за повеќе Бразилски прволигаши исто така има настапувано и во шампионатот на Израел со што гарантира дека ЖФК Љуботен во новата сезона ќе има гранитна одбрана. Патот до успехот мора да се изоди со квалитет и работа а Lulu со својот професионализам го донесе во екипата“, објавија од клубот.