Франција и Аргентина ќе играат во големото финале на Светското првенство во Катар и во двете селекции дербито се очекува со големо нетрпение.
Оливие Жиру е еден од фудбалерите кои се искачија на светскиот трон пред четири години и на тој Мундијал Франција играше против Аргентина. Французите славеа во нокаут-фазата во драматичен натпревар со 4:3 со што го продолжија патот кон светската титула.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Сакаме победа во финалето. Нема да му дозволиме на Меси да ја има најдобрата ноќ во животот. Нашата цел е да освоиме уште една титула и ќе направиме се што можеме да го спречиме.
Но, треба да се знае дека Аргентина не е само Меси, имаат одлични фудбалери и силен колектив, нема да биде лесно“, изјави Жиру.
Откри дека пред четири години кога играле против Аргентина, Канте ја имал задачата да го чува Меси.
„Пред четири години го имавме Канте и селекторот него му ја додели задачата да биде секогаш до Меси, сега не знам каков ќе биде планот“, изјави Жиру.