Дома Останати Ракомет ЕХФ потврди: Шведска џабе „плаче“, Начевски и Николов не погрешиле!

ЕХФ потврди: Шведска џабе „плаче“, Начевски и Николов не погрешиле!

Селекцијата на Шведска вчера беше елиминирана од Франција во полуфиналето на Европското првенство, а по натпреварот Швеѓаните се жалеа на арбитражата на македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Од таборот на Шведска сметаа дека голот на Пранди по истекот на времето кој на Французите им донесе продолженија требало да биде поништен. Меѓутоа ЕХФ потврди дека најдобрите македонски судии донеле исправна одлука признавањето на погодокот.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Дисциплинската комисија донесе одлука за протестот вложен од Ракометната федерација на Шведска за полуфиналниот меч на ЕП меѓу франција и Шведска, кој беше одигран на 26 јануари 2024 во Келн.

Протестот беше поднесен за некористење на видео проверка за да се провери последниот слободен удар за Франција во 60. минута од мечот.

По внимателна проверка, одлуката е дека судиите не се задолжени да ја погледнат снимката. Видео-технологијата се користи само кога судиите или делегатот имаат сериозна дилема за некоја ситуација. Одлуката да не се прегледа снимката е во согласност со Легалните регуларции на ЕХФ. Поради тоа протестот е одбиен бидејќи е неоснован“, објави ЕХФ.

Противник на Франција во финалето ќе биде Данска со која ќе играат за европското злато.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Постигнат договор: Поранешен соиграч на Меси ќе биде нов тренер на Интер Мајами

Интер Мајами повторно ќе има аргентински тренер. По заминувањето на Герардо Мартино клупат…