Дома Македонски спорт Мак ракомет Еурофарм Пелистер лесно се справи со Охрид и им се врати на победите

Еурофарм Пелистер лесно се справи со Охрид и им се врати на победите

Tимот на Еурофарм Пелистер го совлада ГРК Охрид на домашен терен со 32:24 и така се врати на победите во плеј-офот каде што е второпласиран со една победа помалку од лидерот Вардар.

Само во почетните минути натпревар во салата „Боро Чурлевски“ беше изедначен (3:3), а потоа започна доминацијата на зелено-белите. Како што одминуваше времето, така и предноста на битолскиот клуб растеше, па набрзо „пелистерци“ стигнаа и до двоцифрена разлика од 17:7.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Се во продолжение беше рутински одработено и Охрид во ниту еден момент не се доближи до фаворитот, па прашање беше само со колкава разлика Еурофарм Пелистер ќе слави.

Ненад Костески и Жарко Пешевски со по шест постигнати гола беа најефикасни, а Цветан Кузманоски додаде пет, додека кај охриѓани, Ерај Каракоќ постигна седум гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…