Еурофарм Пелистер денес загуби на гостувањето кај Нексе во првиот натпревар од осминафиналето во СЕХА лигата.
Битолчани загубија со 20:23 и овој пораз им дава надеж дека можат да ги поправат работите во реваншот на 12. февруари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонскиот вицешампион одигра натпревар со многу загубени топки и тоа беше една од причините за поразот. Посебно лоши беа првите 10 минути во кои Е.Пелистер постигна само еден гол и имаше негатива од 1:4. Потоа се консолидираа и фатија приклучок за на полувреме да заминат со 10:9.
Вториот дел Нексе го започна многу подобро и повторно направи четири гола разлика. Во финишот Никола Митревски запиша неколку одбрани, Пелистер беше во налет, но сепак не успеа да направи нешто повеќе и дојде до пораз од -3 .
Треба да се спомене дека победникот од овој двомеч ќе оди судир со Вардар во четвртфиналето.