Дома Трансфер зона Ериксен пред враќање во поранешниот клуб, Јунајтед ја одреди цената

Ериксен пред враќање во поранешниот клуб, Јунајтед ја одреди цената

Како што стојат работите, Кристијан Ериксен е на добар пат да си замине од Манчестер Јунајтед.

Ерик Тен Хаг веќе му ставил до знаење на данскиот фудбалер дека нема да биде дел од плановите за посериозна минутажа, Ериксен немал проблем и да биде резерва, но ситуацијата се променила кога пристигнала понуда од Ајакс.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Ајакс е клуб каде што Ериксен играше во почетоците на неговата кариера кога пристигна како 18-годишник. Дресот на Ајакс го носеше во три сезони, а потоа се пресел иво Тотенхем. Често пати и во минатото Ериксен не криеше дека Амстердам го смета за свој дом.

Медиумите на Островот пишуваат и дека Манчестер Јунајтед одредил цена од пет милиони евра.

Ериксен има 32 години и веројатно може да одигра барем уште две-три сезони на високо ниво.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…