Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ериксен отвори со маестрален волеј, ВАР и Јединак го „поништија“ – реми на Данска и Австралија (видео)

Ериксен отвори со маестрален волеј, ВАР и Јединак го „поништија“ – реми на Данска и Австралија (видео)

denmark australia

Мундијалската програма денес беше отворена со натпреварот помеѓу Австралија и Данска.

За Австралија ова беше натпревар во кој мораа да останат напоразени за да ги задржат теоретските шанси за пласман во следната фаза, од друга страна Данска можеше да обезбеди 1/8 финале.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На крајот натпреварот заврши без победник 1:1.

Најдобриот техничар во редовите на Данска, Кристијан Ериксен со мастрален волеј удар ги доведе Данците во водство уште во седмата минута. Во тие моменти следевме прилично изедначен натпревар со по некоја шанса и на двете страни.

„Кенгурите“ успеаа да изедначат до крајот на полувремето и тоа после интервенцијата на ВАР. Судијата во прв момент не покажа на белата точка, но неколу моменти подоцна по сигнализацијата од контролната соба покажа најстрога казна. Сигурен реализатор на истата беше Миле Јединак за кого ова е втор реализиран пенал на Мундијалот.

Во вториот дел Австралија беше тимот кој доминираше и создаваше шанси, но Данска сепак успеа да се спаси и да извлечен важен бод. Во последното коло кое и последно во групната фаза, Данска ќе игра против Франција, а Австралија против Перу.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…