Дома Фудбал Ерик тен Хaг останува тренер на Манчестер Јунајтед

Ерик тен Хaг останува тренер на Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед одигра сезона за заборав и многумина предвидуваа дека тренерот Ерик тен Хаг може да добие отказ.

Се спасија во последен момент со неочекувана победа против Манчестер Сити во финалето на ФА Купот. Тен Хаг на тој начин го обезбеди трофејот и пласманот во Лига Европа. И покрај победата во финалето, англиските медиуми шпекулираа за промена на тренерската клупа, но тоа нема да се случи.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Би-Би-Си пишува дека управата на клубот решила да му прости на Холанѓанецот за лошата лигашка позиција поради освојувањето на ФА Купот и дека конечно било одлучено да му даде доверба. Неговиот договор би требало наскоро да биде продолжен, бидејќи актуелниот му истекува следното лето.

Тен Хаг така ќе го води Јунајтед и во третата сезона. Во својата прва сезона по пристигнувањето од Ајакс, беше доста успешен. „Црвените ѓаволи“ тогаш ги предводеше до третото место во лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енцо Фернандез подготвен да го форсира својот трансфер во Реал Мадрид летово

Една од ѕвездите на Челси, Енцо Фернандез, е подготвен да достави барање за трансфер по кр…