Aргентинецот Ерик Ламела по три години ќе се пресели во нов клуб.
Медиумите во Шпанија пренесуваат дека екс-аргентинскиот репрезентативец како слободен играч ќе побара нова средина.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во редовите на Севиља, Ламела дојде во 2021 година од Тотенхем и во минатата сезона со овој тим ја освои Лигата на Европа.
Цели осум сезони Ламела беше дел од лондонскиот клуб, а европската кариера ја започна во Рома, претходно настапуваше за Ривер Плата. Дресот на репрезентацијата на Аргентина го носеше на 25 натпревари.