Дома Трансфер зона Ерик Ламела до крајот на јануари се сели во гигантот од Серија А?

Ерик Ламела до крајот на јануари се сели во гигантот од Серија А?

Ерик Ламела на натпреварот против Свонси играше од првата минута и докажа дека полека се враќа во старата форма.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека аргентинскиот играч за врска би можел да го напушти лондонскиот клуб во јануари и да се врати во Италија. Овој Аргентинец во Тотенхем пристигна од Рома летото 2013. година, но повредите го спречија да го покаже својот квалитет во дресот на овој клуб.


Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


Сега според последните информации би требало да ги напушти „Петлите“ и да си замине на позајмица до крајот на сезоната. Како што пишуваат тамошните медиуми, интерес за Ламела покажа и Интер, но италијанскиот клуб поради суспензија не може да купи играчи оваа зима и останува можноста само позајмица.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Премиерлигашите ја сакаат ѕвездата на Дортмунд

Неколку клубови од Премиер лигата покажуваат силен интерес за ѕвезата на Борусија Дортмунд…