Дома Фудбал ЕП во Германија е убедливо најгледаното во историјата: Ова е доказ каде мора да се одржуваат првенствата

ЕП во Германија е убедливо најгледаното во историјата: Ова е доказ каде мора да се одржуваат првенствата

Годинешното Европско фудбалско првенство кое се игра во Германија е доказ за тврдењето дека организацијата на овие натпреварувања мора да се одржува во земји со силна фудбалска култура.

Сега јасно сме сведоци колку е популарно овогодинешното ЕП, со посета на натпреварите може да се види колку профитирале сите, од навивачите до организаторите.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Имено, натпреварот помеѓу Холандија и Турција постави апсолутен рекорд веќе во четврт-финалето на шампионатот со вкупно 2.492.720 гледачи.

Претходниот рекорд го држеше првенството во Франција кое се одржа во 2016 година, каде 2.427.303 гледачи присуствуваа на 51 натпревар во текот на целиот шампионат.

Просечната посетеност на ова ЕП била 51.932 навивачи, додека просечниот рекорд на посетеност е забележан во Западна Германија, далечната 1988 година, кога имало 59.243 гледачи по натпревар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Аморим ќе избрка три ѕвезди од Јунајтед – познати се нивните имиња!

Според медиумите, тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, нема милост и ќе избрка тр…