УЕФА следи што се случува во шпанскиот фудбал и би можела да реагира со исфрлање на шпанските клубови од нивните натпреварувања, пишува Ас.
Доколку политиката се вклучи во фудбалот, тоа би можело да биде казна што ќе ја разгледа највисокото фудбалско тело во Европа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За потсетување, Барселона сака да ја тужи Шпанската фудбалска федерација за она што го смета за неправда на Ел Класико. На овој начин спорот дали Барселона е оштетена во поразот од Реал Мадрид од 2:3 поради поништување на голот, кој според Каталонците требало да биде признаен, треба да се реши по судски пат.
Освен овој случај, на УЕФА не и се допаѓа уште еден. Шпанската фудбалска федерација се уште не избрала нов претседател, а поради корупцискиот скандал, дел од кандидатите се суспендирани. Исто така, Луис Рубиалес, поранешниот претседател на Федерацијата, беше суспендиран од сите фудбалски должности на три години поради сексистичкиот скандал во финалето на Светското првенство за жени.
Ако УЕФА ја реализира заканата напишана од Ас, тоа значи дека шпанските клубови нема да можат да учествуваат во Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Конференциската лига, а шпанската репрезентација на Европското првенство и Лигата на нации.