Играчот за врска на Ливерпул, Емре Чан најверојатно на крајот на сезоната ќе го напушти Ливерпул како слободен агент.
Неговиот договор со Ливерпул истекува на крајот на сезоната, а медиумите веќе подолго време тврдат дека има постигнато договор со Јувентус и ќе се пресели во Торино.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Германецот тврди дека се уште нема донесено конечна одлука и дека постои можност да потпише нов договор со Ливерпул.
„Вистината е дека јас сум сконцентриран само на актуелната сезона и дека му препуштив на менаџерот да се грижи за мојата иднина. Не станува збор за пари, тоа можам да го потврдам. Да, од следниот месец ќе бидам во можност да потпишам преддоговор со друг клуб, но постои можност и да го продолжам договорот со Ливерпул. Ќе видиме“, изјави Чан.
"It is not about money…"
Emre Can discusses contract stand-off with Liverpool: https://t.co/l3mD8VUmPc pic.twitter.com/pfgJ5j9q7J
— Sky Sports PL (@SkySportsPL) December 1, 2017
Англиските медиуми пренесуваат дека Германецот не е задоволен од фактот што Ливерпул не се соласува да стави откупна клаузула во новиот договор. Поради тоа многу поголеми се шансите да го напушти клубот како слободен агент, отколку да потпише нов договор.