Смртта на Мино Раиола ја шокираше фудбалската јавност, а посебно погодени се фудбалерите кои долги години соработуваа со највлијателниот фудбалски агент.
Од сите страни пристигнуваа емотивни пораки, а во текот на вчерашниот ден се огласи и фудбалерот на Јувентус Матијас Де Лихт. Холандскиот репрезентативец кој го носи дресот на Јувентус, во Торино од Ајакс пристигна токму после препорака Раиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Мил, Мино, не сум подготвен да напишам ваква порака и никогаш нема да бидам. Прерано за сите нас фудбалерите, за твоето семејство, пред се за тебе…Планираше уште многу работи, мислев дека си луд кога ми зборуваше за твоите проекти, но на крајот се покажуваше дека секогаш беше во право. Добро знаеше како функционира светот и докажуваше дека ништо не е невозможно“.
„Кога те запознав, веднаш сфатив дека си специјална личнсот, поразлична од мене. Наша заедничка работа беше што сакавме да ја вршиме нашата работа на најдобар можен начин. Со сите сили се бореше за своите фудбалери, затоа и сите те сакаа. Сега ние треба да направиме се што можеме за луѓето кои ги сакаше најмногу, твоето семејство“, гласи пораката на дефанзивецот.