Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери изјави дека главниот фокус на „топџиите“ во финалето на Лига Европа ќе биде освојувањето на трофејот, а пласман во Лигата на шампионите е нешто што останува во втор план.
Враќањето во најпрестижниот турнир е целта на „топџиите“, но Емери инсистира дека освојувањето на Лига Европа е „специјална титула“.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Играчите треба да знаат дека тоа е специјална титула. Сите треба да направат се што е во нивна моќ на теренот. За нас првата цел е титулата, а потоа место во Лигата на Шампионите. Ние се боревме за да стигнеме до тука и сакаме да се покажеме во најдобри светло“, изјави Емери.
Ова ќе биде последнен натпревар во кариерата на Петер Чех, кој помина 11 сезони во Челзи, пред да се приклучи на Арсенал во 2015 година.
„Чех е одличен голман, но пред се одличен човек. Сакам да направам нешто важно со него во последната минута од неговата кариера, без разлика дали ќе игра или не“, изјави Емери.