Швајцарецот Стан Вавринка, кој во отсутво на Енди Мари и Новак Ѓоковиќ е поставен за прв носител на Мастерсот во Мајами, го заврши својот настап во осминафиналето. Вавринка го боди првиот сет, а потоа ги загуби следните два и испадна од младата германска ѕвезда Александар Зверев.
Вавринка иако не блескаше успеа да го освои првиот сет со 6:4, откако во десеттиот гем ја искористи четвртата брејк топка.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Меѓутоа во наредните два сета на теренот постоеше само Зверев кој го декласира противникот и со 6:2, 6:1 избори пласман во осминафиналето.
Место во осминафиналето обезбеди и Роџер Федерер кој во два тај-брејка (7:6, 7:6) го скрши отпорот на Роберто Баутиста-Агут.
Четвртфинални двојки:
Надал-Сок
Зверев-Кирјос
Федерер-Бердих
Фоњини-Нишикори.