Интер доживеа непријатна елиминација во групната фаза во Лигата на шампиони, а тоа повторно го отвори „случајот Икарди“.
Италијанските медуми пренесуваат дека Реал Мадрид спрема нова офанзива за потписот на аргентинскиот напаѓач.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„АС“ пренесува дека на Икарди веќе му станало јасно дека Интер не може да цели кон европскиот врв, па не е сигурен дали да стави потпис на нов договор со „нероаѕурите“.
Таквата ситуација сака да ја искористи Реал Мадрид, кој од поодамна покажува сериозен интерес за Аргентинецот, а сега наводно е спремен да ја активира откупната клаузула која изнесува 110 милиони евра.
Наводно од „кралскиот“ клуб се спремни да му понудат и многу повисока плата од актуелната, па на Интер ќе му биде тешко да го задржи 25-годишниот напаѓач.