Големото дерби помеѓу Барселона и Реал Мадрид, повторно е доведено под знак прашалник поради најавените протести во каталонската престолнина.
Каталонската платформа „Демократско цунами“ денеска ги повика приврзаниците за независност на Каталонија на масовен осумдневен протест пред стадионот „Камп Ноу“, каде ќе се игра најголемото шпанско фудбалско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во соопштението, Демократско цунами нагаласува дека повеќе од 18.000 луѓе веќе го потврдиле своето учество преку социјалните мрежи. Платформата ги покани демонстрантите на четири места околу стадионот во 16 часот, само четири часа пред да започне натпреварот.
Во октомври, Демократско цунами собра 25.000
демонстранти на меѓународниот аеродром „Ел Прат“, каде се судрија со полицијата
додека се обидоа да го блокираат аеродромот и да го прекинат воздушниот
сообраќај.