Реал Мадрид запиша голема победа на гостувањето кај Барселона и го доби првото Ел Класико годинава.
Натпреварот започна спектакуларно со два гола во првите седум минути. Најпрво „кралевите“ дојдоа до водство со голот на Валверде, откако Бензема одлично го проигра во казнетиот простор.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Само две минути подоцна Барселона повторно ги врати работите на почеток. После една убава акција Фати го совлада Куртоа после асистенција на Алба.
Потоа на сцена стапија голманите кои одбранија неколку зицери, па на одмор се замина со резултат 1:1.
Каталонците подобро влегоа во второто полувреме и создадоа две убави шанси во првите 15 минути, а потоа на сцена стапи Серхио Рамос.
Капитенот на Реал најпрво се избори за пенал откако беше тргнат од Ленгле во петерецот. Со помош на ВАР сидијата покажа на белата точка, а Рамос беше сигурен реализатор.
Во последните дваесетина минути Барселона се обиде да дојде до реми, а Модриќ на три минути пред крајот стави точка на натпреварот за конечни 1:3.