Големите ривали Реал Мадрид и Барселона во своите редови сакаат да го доведат 20-годишниот играч од средниот ред, Родриго Бетанкур, кој во моментов настапува за екипата на Јувентус, пишува „Anadolu Agency“.
Како што пишуваат шпанските медиуми, Реал и Барселона сакаат да го доведат Бетанкур чија вредност речиси се зголеми три пати по доаѓањето во Јувентус. Управата на Јуве за нешто помалку од 10 милиони евра го доведе Бетанкур кој беше дел од договорот за продажбата на Карлоз Тевез во Бока Јуниорс во 2015. година.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Инаку, Реал беше заинтересиран за овој играч и пред неговото доаѓање во Јувентус. Во досегашната кариера играше за Бока Јуниорс и Јувентус, каде што пристигна оваа година. Во дресот на репрезентацијата на Уругвај запиша два настапи без погодок.