Дома Фудбал Експерт предупредува: Финасиската ситуација во Барса никогаш не била полоша – сите можат да останат без плата!

Експерт предупредува: Финасиската ситуација во Барса никогаш не била полоша – сите можат да останат без плата!

Финансиската ситуација во Барселона според пишувањето на шпанските медиуми не била никогаш полоша.

Дека е така потврди и економскиот експерт Марк Сириа кој имаше блиска соработка со поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорт.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


„Видете, клубот во овој момент користи 30 годишен заем за финансирање на проект за модернизација на клупската инфраструктура. Се зимаат кредити кои се неисплатливи, а тоа што се обратија до „Голдман Санч“ зборува дека не можат да обезбедат заем од домашните банки. Но, треба да се додаде дека „Голдман Санч“ не е таков вид на банка туку инвестициски гигант со камата од 3% од 4%. Функционира многу едноставно – немате да платите, доаѓа човек и ви го собира имотот“.

„Лага е дека коронавирусот има врска со финансиските проблеми на Барселона. Тоа лага пуштена од директорите. Пред пандемијата долговите на Барселона изнесуваа дури 740 милиони евра, а сега пораснаа на 820 милиони. Пола милијарди должат на домашни банки и не можат да позајмуваат. Затоа се свртеа кон „Голдман Санч“, а долгот се зголемува секојдневно. Цела оваа ситуација може да доведе, играчите и сите во клубот да не можат да земат плата“, предупредува Сириа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Варди договори шокантен трансфер, но потоа тренерот стопираше сè

Легендата на Премиерлигата, а особено на Лестер Сити, Џејми Варди имаше договорен трансфер…