Дома Топ вести Еднолично мадридско дерби: По еден гол и без победник

Еднолично мадридско дерби: По еден гол и без победник

Големото шпанско фудбалско дерби меѓу мадридските ривали Реал и Атлетико заврши без победник.

Средбата од 31.коло на шпанската Примера, одиграна попладнево на „Сантијаго Бернабе“ во Мадрид во која Реал беше домаќин на Атлетико заврши со резултат 1-1.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Домаќините поведоа со голот на Пепе во 52.минута, а Атлетико израмни преку Антоан Гризман на пет минути пред крајот (85).

Овој исход најмногу и одговара на Барселона која вечерва гостува кај Малага па со евентуален триумф каталонскиот клуб би се израмнил со „лутиот„ ривал Реал на првото место на табелата.

Инаку, и првиот денешен меч меѓу Еспањол и Алавез заврши со резултат 1-1. Покрај средбата Малага – Барселона, вечерва ќе играат Севиља и Депортиво Ла Коруња.

Двојките за утре се: Гранада – Валенсија, Селта Виго – Еибар, Осасуна – Леганес и Лас Палмас – Бетис.

Последниот меч од оваа рунда во Примера е во понеделник кога ќе играат Сосиедад – Спортинг Хихон.

Табела: Реал Мадрид 72 бодови (-1 натпревар помалку), Барселона 69, Атлетико Мадрид 62, Севиља 58, Виљареал 54, Атлетик Билбао 50, Сосиедад 49

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

ПСЖ го прегази Реал Мадрид за пласман финале

Европскиот клупски шампион Пари Сен Жермен го победи со 4:0 Реал Мадрид во второто полуфин…