Дома Фудбал Останато Една ситуација, две објаснувања: Се огласија Бенатиа и Васкез

Една ситуација, две објаснувања: Се огласија Бенатиа и Васкез

Актерите на синоќешната ситуација која се случи пред крајот на реваншот од четвртфиналето во Лигата на Шампионите помеѓу Реал Мадрид и Јувентус, Меди Бенатиа и Лукас Васкез се огласија веднаш по натпреварот.

Стоперот на Јувентус во својот шеснаесетник го сруши крилниот напаѓач на Реал, а судијата Мајкл Оливер покажа на белата точка. Од пенал сигурен беше Роналдо и токму со тој гол Реал се пласираше во полуфиналето. Додаваме дека пред тоа, Јувентус водеше со 3:0.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


По натпреварот, како што и се очекуваше, еден тврдеше дека е пенал, а другиот тоа го негираше.

„Го заобиколив Васкез и ја удрив топката. Тој падна на подот, само затоа што немаше ништо друго во тој момент да направи. Може да видите дека топката одскокна по ударот на мојата нога и си замина во друга насока. Да се досуди ваков пенал е смешно. Ние сме жртви на оваа ситуација, но сме многу горди на тоа што го направивме“, изјави Бенатиа.

Од другата страна, Васкез имаше поинаков изглед на оваа ситуација.

„Дали беше пенал? Да. Роналдо ми ја додаде допката блиску до пеналот и во моментот кога тргнав да ја шутнам, Бенатиа ми пријде зад грб и ме сруши. Не постои дилема дека беше пенал. Протестите на Јувентус беа нормални, беше последната минута. Во Лигата на Шампионите ништо не се простува, така е тоа“, изјави Васкез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Две асистенции на Гулер, проектил од Родриго и нов кикс на Реал во меч со шест голови (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид играат многу ефикасни натпревари оваа сезона, но често им изост…