Баер Леверкузен за ривали во групата Д ќе ги има Јувентус, Атлетико Мадрид и Локомотив Москва.
Баер секако има право да се надева на поминување во нокаут фазата иако е јасно дека Јувентус и Атлетико се фавороти за првите две места.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Германскиот клуб поседува исклучително талентирана генерација на играчи и истата ја предводи Каи Хаверц, офанзивниот играч кој игра за репрезентацијата на Германија и кој го одби Баерн.
За каков талент се работи најдобро говорат зборовите на легендарниот Лотар Матеус.
„Тој постави висока граница. За мене тој беше играч на сезоната и ако Хаверц може да се одржи на вака високо ниво на крајот може да стане мој наследник во светскиот фудбал“, изјави Матеус.
Баер сега се потсети како пред две сезони Хаврец го пропушти нивниот натпревар со Атлетико поради тоа што имал испит.
Сега сепак се надеваат дека овој одличен фудбалер ќе биде на располагање на „Аптекарите“ за натпреварите против Атлетико, Јувентус и Локомотив.
Last time we drew Atlético in the UCL… ?? https://t.co/ouYRGGKKpQ
— Bayer 04 Leverkusen (@bayer04_en) August 29, 2019