Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко нема намера да го напушти германскиот клуб.
Иако договорот му истекува на 30 јуни 2023 година, а на лето од 1 јануари би можел да преговара за слободен трансфер, тој не сака да размислува за заминување.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Навистина би сакал да останам во Дортмунд, бидејќи во Борусија имам се што ми треба. Тренерот Един Терзиќ ми е како татко и тука се чувствувам како дома. Ги познавам сите околу мене, имам многу пријатели и филозофијата на Клубот е токму тоа што ми одговара. Знам дека без сето тоа ниту јас не би можел да напредувам“, изјави Мукоко.
Мукоко е со репрезентацијата на Германија на Светското првенство во Катар, иако пред само неколку дена стана полнолетен. Трансфермаркт го проценува на 30 милиони евра, а за Мукоко интерес покажаа Барселона, Ливерпул и Баерн Минхен.