Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува на крајот од сезоната и се уште не се знае дали Хрватот ќе потпише нов, а покрај Модриќ продолжување на договорите чекаат Тони Крос и Карим Бензема.
И додека се верува дека Бензема сигурно ќе го продолжи договорот, шпанските медиуми пренесуваат дека останувањето на Модриќ и Крос е под знак прашалник.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Според информациите на „Ел Чирингуито“ еден од тројцата Модриќ, Крос, Бензема сигурно ќе си замине од Мадрид.
Бензема како што споменавме изгледа во најсигурна ситуација, додека за Крос и Модриќ не може да се претпостави.
На оваа тема пред два дена се појави и изјавата на легендарниот Гути кој смета дека Модриќ не му е потребен на Реал Мадрид.
„Модриќ не му е потребен на Реал…Нема да има голема улога следната сезона ако остане. Не знам дали ќе дојде Белингам или некој друг играч за врска, но мислам дека Модриќ во овој момент треба да замине“, гласеше изјавата на Гути.