Дома Фудбал Англија Еден Азар предизвика „делириум“ во Лондон со својата изјава!

Еден Азар предизвика „делириум“ во Лондон со својата изјава!

Еден Азар овие денови се наоѓа во центарот на вниманието поради интересот од Реал Мадрид.

Белгиецот одби да ја продолжи соработката, па започнаа шпекулации дека тоа го прави поради неговата желба да премине во Реал Мадрид.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, зборовите кои сакаше секој навивач на Челзи да ги слушне од Азар стигнаа на вчерашниот НБА натпревар помеѓу Бостон и Филаделфија на која присуствуваше Белгиецот.

„Да. Но, мислам дека Куртоа прв ќе го продолжи договорот, а потоа и јас“, кратко одговори Азар.

Куртоа по потписот би требало да добива неделна плата од 225 милиони евра, а останува да се види колкава ќе биде сумата на неговиот сонародник.

Азар во Челзи пристигна во јули 2012 година од Лил, а на почетокот на 2015 потпиша нов договор до јули 2020 година. Сепак, на „Стенфорд Бриџ“ не сакаат да препуштат ништо на случајноста и сакаат да имаат целосна контрола над неговата иднина.

Белгиецот оваа сезона одигра 28 натпревари во сите натпреварувања, постигна девет погодоци и запиша осум асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…