Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Јусуфа Мукоко го привлече вниманието на многу европски гиганти кои ја започнаа битката за неговиот потпис.




17-годишниот напаѓач веќе има шест гола и четири асистенции во Бундеслигата и доби повик за германската репрезентација за Светското првенство.




Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Според „Билд“ Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Милан веќе ја започнале битката за неговиот потпис и сакаат да го донесат во јануари.




Реал Мадрид, Барселона и ПСЖ исто така ја следат ситуацијата и го сакаат Мукоко, но фаворит за неговиот потпис е Ливерпул.




Актуелниот договор на талентот истекува на лето, па тоа го прави уште попривлечен за гигантите, бидејќи може да го доведат како слободен агент