Дома Топ вести Европа „полуде“ по новиот бразилски „вундеркинд“ (видео)

Европа „полуде“ по новиот бразилски „вундеркинд“ (видео)

Иако се уште не е полнолетен, талентираниот бразилски напаѓач Паулињо со своите партии во Васко де Гама го привлече вниманието на голем број европски гиганти.

Паулињо, кој во јули ќе наполни 18 години веќе се наоѓа на мета на ПСЖ, Јувентус и Атлетико Мадрид, а сега и Манчестер Сити се вклучи во трката за неговиот потпис.

Од лозје до чаша: Уметноста на виното со Теодор Бојаџиев | Уште еден поткаст


Бразилските медиуми пренесуваат дека Васко де Гама не сака да разговара за понуда помала од 25 милиони евра.

Со вклучувањето во траката на богатите клубови како ПСЖ и Манчестер Сити неговата цена додатно ќе порасне.

Паулињо веќе има 17 настапи за младата бразилска репрезентација, а неодамна беше прогласен за најдобар млад играч во бразилското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…