Дома Фудбал Останато Евра: Со Меси можев да се носам, против Милнер ми беше најтешко

Евра: Со Меси можев да се носам, против Милнер ми беше најтешко

Францускиот фудбалер Патрис Евра во разговор за „Скај Спорт“ откри кој му бил најтежок противник во неговата кариера.

Евра играјќи за Ница, Монако, Манчестер Јунајтед, Јувентус и некои други клубови во кариерата се сретнал со играчи кои тешко се чуваат. Неколку пати Евра играше и против Лионел Меси. Сепак на Французинот Меси не е му најтежок противник.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Најтежок играч против кој сум играл беше Џејмс Милнер. Играв против Меси многу пати и не можам да кажам дека е лесно да го чувате, но можев да се носам со него. Тој е опасен кога ќе тргне во средината затоа што тогаш може да се намести и на лева на десна нога“, изјави Евра и додаде:

„Џејмс Милнер ми беше најтежок противник затоа што знаеше да ме изнервира. Јас сум напаѓачки ориентиран бек, а тој ме следеше секаде по теренот, дури беше со мене и во скок дуелите. Тоа многу ме нервираше. Си помислував: Оди напред човеку оставиме веќе“, откри Французинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…