Легендарниот Фергусон пред три ноќи веднаш беше опериран по мозочниот удар, а неговата состојба во моментов е стабилна иако неговиот живот беше загрозен.
На Фергусон целиот свет му посака среќа за закрепнување, а речиси сите негови поранешни фудбалери, пријатели и соработници го поддржа преку социјалните мрежи. Меѓутоа, некој забележа дека Патрис Евра не беше меѓу нив. Французинот, кој обично е многу активен на Твитер, беше критикуван од навивачите зошто не му посвети ниту еден твит на својот поранешен тренер, бидејќи тоа денеска остана освновен дел од културата.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Но, Евра на критичарите им одговори во свој стил, а би можеле да кажеме и на најдобар можен начин.
„Прочитав многу твитови дека Фергусон е веќе мртов, но тој е борец. Луѓето ме прашуваат зошто не му посветив твит на Фергусон, но зошто и би му посветил? Јас сум еден од оние среќници кои го имаат неговиот број и нема потреба јавно да пишувам нешто“, напиша Евра.
I read a lot of tweets like Sir Alex is already dead but he is a fighter. People ask why I don’t tweet but I am lucky enough to have his mobile number so I don’t need to tweet or post anything.
— Patrice Evra (@Evra) May 6, 2018