Евертон ја одби понудата вредна 40 милиони фунти од Челзи за младиот напаѓач Ентони Гордон, пренесуваат медиумите на Островот.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Томас Тухел продолжува да бара решение за нападот, после заминувањето на Ромелу Лукаку и Тимо Вернер и се насочи кон 21-годишниот Гордон.




Евертон ја одби првата понуда од 40 милиони фунти, но е спремен да го продаде својот талент доколку Челзи ја подобри понудата.




Се шпекулира дека трансферот може да биде комплетиран во наредните денови доколку Челзи понуди 50 милиони фунти, бидејќи самиот фудбалер притиска за трансфер на „Стенфорд Бриџ“.