Дома Топ вести Евертон не застанува, купува уште една ѕвезда од Премиер лигата

Евертон не застанува, купува уште една ѕвезда од Премиер лигата

Се подготвува нешто големо на „Гудисон Парк“.

Мислите дека доаѓањето на Вејн Руни ја затвори вратата за понатамошни трансфери на Евертон ова лето? Епа, се лажевте. По повеќе од потрошени 100 милиони евра и купување на Џордан Пикфорд, Мајкл Кин, Дејви Класен, Сандро Рамирез и враќањето на Вејн Руни, се е поизвесен и трансферот на Гилфи Сигурдсон за речиси 36 милиони евра, Евертон подготвува уште една бомба – Кристиан Бентеке!


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Иако првата желба беше Оливие Жиру, во орбитата на многу амбициозниот Роналд Куман се појави и белгискиот напаѓач кој е незадоволен во Кристал Палас. Момчето кое своевремено не се прослави со игрите во Ливерпул сега може да ја задолжи опремата на клубот од синиот дел од споменатиот град и да добие улога прв напаѓач на екипата.

Куман, како што тврди секогаш добро информираниот „Sky Sports“ е многу заинтересиран за Бентеке, а како причина за ненадејното пренасочување на интересот од Жиру на Белгијанецот е позицијата во која се наоѓа Кристал Палас. Бентеке, наводно ги известил во Палас дека сака да си замине, само година дека откако клубот од Лондон плати рекордни 32 милиони евра. Поради тоа, Куман сака да ја искористи ситуацијата и да активира уште една бомба на пазарот.

И покрај фактот дека тимот е засилен со Сандро Рамирез и Вејн Руни, јасно е дека Бентеке би ја добил „деветката“, односно дека поранешниот фудбалер на Малага би бил негова замена, додека довчерашниот капитен на Манчестер Јунајтед би го зел местото зад напаѓачот во системот 4-2-3-1.

Меѓутоа, ниту Кристал Палас нема да го пушти Бентеке така лесно. Тие ќе бараат, особено по солидната сезона, барем она што беше вложено пред речиси една година. А тоа ќе, по сите купувања кои Евертон ги направи, односно планира да ги направи, биде сериозен залак. Повторно, Куман очигледно е подготвен да ризикува и да нарпави тим доволно конкурентен барем за борбата за ЛШ.

Евертон многу лесно би можел да стане новиот миленик на навивачите на англискиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Дортмунд го налути „кралот“, хет-трик на Винисиус🎥

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд приредија вистински спектакл со седум гола и на крајот „кр…