Дома Фудбал Лига на шампиони Еве што кажа англиската легенда за маестралниот Џеко! (Фото)

Еве што кажа англиската легенда за маестралниот Џеко! (Фото)

Фудбалерите на Рома вечерва ремизираа на гостувањето против Челзи во спектакуларниот меч од ЛШ кој беше завршен со резултат 3:3.

„Плавите“ по првото полувреме водеа со 2:1 и се чинеше дека ќе запишат нови три бода, но така не мислеше и Един Џеко. Босанскиот интернационалец во второто полувреме беше брилијантен и постигна два фантастични погодоци за пресврт во корист на Рома. Сепак, домашниот состав успеа преку Азар да издејствува бод од мечот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


По натпреварот, главна тема на социјалните мрежи беше Џеко кој го воодушеви фудбалскиот свет со своите погодоци. На твитер се огласи и легендарниот Гери Линкер кој го сподели фантастичниот погодок на Џеко за 2:2.

„Челзи водеше со 2:0, а сега губи со 2:3. Благодарение на Един Џеко во суштина. Не се шегувам“, вели Линкер на својот профил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Земјотрес“ на Островот: Манчестер сити го завршува трансферот вреден 75 милиони евра

Трансферот на Антоан Семењо во Манчестер сити влегува во завршната фаза. Борнмут прифати д…