Главниот тренер на Барселона Кике Сетиен зборуваше за потенцијалното враќање на Нејмар на „Камп Ноу“ и истакна дека со задоволство би го видел повторно на „Камп Ноу“.
Нејмар од Барселона премина во ПСЖ во 2017 година за рекордна оштета од 222 милион иевра и тоа и денес е најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Би сакал Нејмар да игра за мене тој е светска фудбалска класа. Искрен да бидам сонот ми се оствари кога станав тренер на Лео Меси, но би бил воодушевен кога би го имал и Нејмар во тимот“, изјави Сетиен.
Барселона се поврзува и со Лаутаро Мартинез од Интер, па Сетиен зборуваше и на таа тема.
„Лаутаро е еден од можеби петмината играчи кои можат да ни го донесат тоа што ни е потребно. Кога во прашање е Ракитиќ знам дека медиумите многу пишуваат за неговата иднина, но тој е во моите планови и за тоа е свесен“, изјави шпанскиот стратег.
Во моментот на прекинот Барселона беше лидер на табелата во Ла Лига со 58 бодови, два повеќе од Реал.