Фудбалерите на Барселона вчера беа поразени на „Џузепе Меаца“ од Интер со 1:0 во натпревар од третото коло во групната фаза.
Каталонскиот клуб ја имаше улогата на фаворит во овој натпревар, но на крајот Интер славеше со 1:0 иако домаќинот во поголемиот дел од натпреварот се фокусираше на одбраната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа многу прашина се крена околу одлуката на главниот судија, Славко Винчиќ во финишот. Се започна во 67. минута кога Барселона изедначи со голот на Педри, но потоа Винчиќ доби сигнал од ВАР собата дека Ансу Фати играл со рака пред Педри да ја смести топката во мрежата.
Многумина ја критикуваа ваквата одлука на главниот судија, а според правилото на ФИФА овој гол и не требало да биде поништен.
„Ненамерното играње со рака кое претходни на гол на соиграч или гол-шанса повеќе не се смета за прекршок“, стои во соопштението.
Навивачите на Барселона Винчиќ ги налути и во последните моменти кога не беше досуден пенал за Барселона.