Доказ дека ПЛ е најпопуларната лига во светот, е и фактот дека маркетинг стратезите сериозно се занимаваат и со овие детали.
Според истражувањата, ова лето најпродаван дрес во ПЛ е оној на Пол Погба.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сите знаеме колку Погба маркетиншки е исплатлив фудбалер и според познавањата на теренот, особено го ценат и оние кои заработуваат на неговиот бренд.
Тој ја „одбрани“ титулата, бидејќи неговиот дрес со број 6 беше најпродаван и изминатото лето, што тогаш беше и очекувано бидејќи штотуку пристигна како најголемо засилување во историјата во тој момент.
По Погба, по број на продадени дресови следи неговиот соиграч, Лукаку, трет е Еден Азар, а интересно е што на петото место е Маркус Рашфорд, зад Александар Лаказет.