Дома Останати Тенис Еве кој ќе игра во женското финале на Ролан Гарос

Еве кој ќе игра во женското финале на Ролан Гарос

Трикратната победничка на Ролан Гарос и најдобра тенисерка на светот Ига Швијатек во своето четврто финале во Париз ќе игра против Италијанката Јасмин Паолини.

Во првото полуфинале, Швијатек ја победи Американката Коко Гауф со 6:2, 6:4 во 97 минути и на тој начин и го нанесе 11-от пораз во нивниот 12-ти меч, додека Паолини беше уште поубедлива и ја совлада 17-годишната Русинка Миро Андрејева во само 73 минути со 6:3, 6:1.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


За 23-годишната Ига ова беше 18-та последователна победа на последните три турнири сезонава и 20-та по ред на терените на Ролан Гарос, каде последен пат беше поразена во четвртфиналето во 2021 година.

Во саботата таа ќе се обиде да стигне до својата трета последователна титула во Париз и вкупно пет трофеи на Грен слем турнирите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби извинување какво што не го очекуваше ниту во најлудите сништа

Новак Ѓоковиќ почна да губи големи мечеви и изгледа на тој начин ја придоби љубовта на јав…