НОВАК ЃОКОВИЌ е победник на финалето на АТП. Српскиот тенисер во финалето го победи италијанскиот тенисер Јаник Синер со 6:3, 6:3 и со тоа ја освои рекордната седма титула на завршниот турнир.
Покрај тоа што Ѓоковиќ со оваа победа го спречи Синер да го освои турнирот, тој го запре и на патот до најголемата парична награда во историјата на тенисот.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Уште едно славје против Ѓоковиќ, перфектни 5-0 на турнирот и титулата на Синер би му донеле 4,8 милиони долари.
Синер доби 325.500 долари само за учество на турнирот и натпреварите по групи. Победа во секоја од нив му ја зголемила заработката за 390.000, а победата во полуфиналето му донесе 1.105 милиони долари. Наградата за победникот во финалето е 2,201 милиони долари.
Сепак, тоа нема да биде случај, бидејќи Ѓоковиќ ќе си оди дома со заработка од 390.000 долари помалку, вкупно 4,41 милиони долари. Причината е еден пораз во групната фаза на турнирот, кој му го нанесе италијански тенисер.