Дома Топ вести Еве зошто Меси нагло се предомисли и реши да остане во Барселона

Еве зошто Меси нагло се предомисли и реши да остане во Барселона

Сагата за Лионел Меси доживеа неверојатен пресврт и сега каталонските медиуми откриваат дека Аргентинецот најверојатно ќе остане во Барселона.

Како што и објави TyC Sports, шансите Лео да устане уште една година во дресот на Барселона се огромни, а тоа денеска го потврди и неговиот татко на прашање од шпанските новинари.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Меси пред неколку дена официјално испрати факс до Барселона со кој бара да замине од клубот без обештетување. Клубот се спротистави и му порача дека рокот на клаузулата за раскин на договорот веќе завршил.

Денешниот состанок помеѓу претседателот Бартомеу, таткото на Меси и адвокатот Жорге Пекорут поминал во конструктивна атмосфера.

Причината што Меси одлучил да остане уште една година во Барселона е што не сака да се отвори судски случај, кој може да трае една година и пресудата да биде во негова штета.

Бартомеу лично го замолил да остане уште една година и следното лето да си замине како слободен агент кога ќе му истечи договорот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…