Дома Останати Кошарка НБА Дурант херој, Харден трагичар: Феникс подобар од Клиперс во дербито 🎥

Дурант херој, Харден трагичар: Феникс подобар од Клиперс во дербито 🎥

Изминатата вечер во НБА лигата се одигра и првото дерби во кое се сретнаа екипите на Лос Анџелес Клиперс и Феникс Санс.

На крајот на победа се радуваше тимот од Аризона со 116:113 кој во основниот дел беше блиску да загуби затоа што Клиперс кон средината на последниот период водеа и со десет разлика (91:81).


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Херој на Феникс беше Кевин Дурант кој успеа да погоди тежок шут за израмнување на 20-тина секунди пред крајот и така го одведе натпреварот во продолженија. Од друга страна Џејмс Харден не реализираше три шута во низа со кои можеше да донесе недостижна предност за Клиперс.

Натпреварот Дурант го заврши со 25 постигнати поени, Бредли Бил додаде 24, додека Букер имаше 15. Харден оствари учинок од 29 поени, 12 скока и осум асистенции.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Индијана 109-115

Атланта – Бруклин 120-116

Мајами – Орландо 97-116

Филаделфија – Милвоки 109-124

Торонто – Кливленд 106-136

Хјустон – Шарлот 105-110

Њу Орлеанс – Чикаго 123-111

Јута – Мемфис 124-126

ЛА Клиперс – Феникс 113-116

Портланд – Голден Стејт 104-139

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ако веруваме на традицијата, Барселона сезоната ќе ја заврши со – тројна круна!

Во вчерашното дерби од Лигата на шампионите, Барселона славеше победа од 4:1 против Баерн …