Дома Трансфер зона Дрогба го одбра својот нов клуб и ги шокираше сите!

Дрогба го одбра својот нов клуб и ги шокираше сите!

Дидие Дрогба реши на 39-годишна возраст кариерата да ја продолжи во американскиот третолигаш Феникс Рајсинг. Воедно, голгетерот стана и еден од косопсвениците на клубот.

Поранешен репрезентативец на Брегот на Слонова Коска, во ноември минатата година го напушти Монтреал Импакт и оттогаш е без ангажман, иако имаше понуда од Коринтијанс кариерата да ја продолжи во Бразил.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


„Ми беше потребно време да решам за наредниот чекор. Верувам дека можам со овој клуб да остварам успех, како на теренот, така и во самата организација“, изјави Дрогба на промоцијата.

Дрогба е легенда на Челзи, во два мандати во овој клуб мина вкупно девет години и со 162 гола даде голем придонес во освојувањето на четири шампионски титули во Премиер лигата, ФА купот и Лига купот, а беше клучниот човек и во освојување на Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал тргна по играч на Јувентус, па експресно доби јасна порака

Австриецот Давид Алаба подолг период е надвор од терените, требаше да се врати овој месец …