Во јануарскиот преоден рок во центарот на вниманието ќе бидат фудбалерите на кои им истекува договорот на крајот на сезоната.
Многу европски ѕвезди се влезени во последната година од договорот, па веќе во јануари ќе бидат во можност да преговатаат со заинтересираните клубови и да потпишат претдоговор.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми истакнаа неколку фудбалери, кои доколку не потпишат нови договор, на лето ќе можат да бираат каде да ја продолжат кариерата.
Од најзвучните имиња се истакнуваат Лука Модриќ од Реал Мадрид, Кристиан Ериксен (Тотенхем), Едисон Кавани (ПСЖ), Дрис Мертенс (Наполи), Немања Матиќ (Ман. Јунајтед), Вилијан (Челзи), Ерик Баи (Ман. Јунајтед), Тоби Алдервајлед (Тотенхем)…
Which free agent do you want your team to sign next summer? (Source: @FootballWave) pic.twitter.com/qG4tjZ3tTj
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) November 5, 2019