Дома Топ вести Дрекслер е замена за Ди Марија: Аргентинецот веќе преговара со новиот клуб!

Дрекслер е замена за Ди Марија: Аргентинецот веќе преговара со новиот клуб!

Иако се мислеше дека Јулијан Дрекслер пристигнува во ПСЖ како замена за Хесе, сепак медиумите тврдат дека Германецот најверојатно ќе биде замена за Ди Марија, кој е на излезна врата од клубот.

Ди Марија не е задоволен во Париз и сака да ја промени средината, а таквата ситуација сакаат да ја искористат кинеските клубови кои се спремни да го направат најплатен фудбалер во светот.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Имено, „Екип“ тврди дека неговиот менаџер Жорге Мендеш започнал преговори со кинески клуб кој е спремен да му понуди 30 милиони евра годишно на Ди Марија.

28-годишниот Аргентинец не може да остане имун на кинеските милиони и е спремен да ја прифати понудата, па со тоа ќе стане и официјално најскапо платениот фудбалер во светот.

Кинескиот клуб е подготвен да плати 60 милиони евра за неговиот потпис, сума која ќе ги задоволи барањата на „светците“, особено сега кога донесоа замена за Аргентинецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…