Мерцедес официјално поднесе две жалби на победата на Макс Верстапен во Абу Даби со која стана нов светски шампион во Формула 1.
Тимот на Мерцедес уште не може да се помири со начинот на кој Луис Хамилтон ја загуби титулата од Макс Ферстапен, па Германците поднесоа жалба до ФИА.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Мерцедес тврдат дека резултатот од трката е нерегуларен, бидејќи биле прекршени две правила од регулативите на ФИА.
Мерцедес се повикува на на членот 48.8 од правилникот во кој стои: „Ниту еден возач не смее да престигне друг болид на патеката, вклучувајќи го и безбедносното возило, додека не ја помине линијата (член 5.3) за првпат откако безбедносното возило ќе се врати во боксот“.
Втората жалба се базира врз основа на членот 48.12: „Сите болиди што ги претекнал лидерот ќе треба да ги поминат болидите во главниот круг и безбедносното возило“.
Светската автомобилистичка федерација започна да ги разгледува жалбите на Мерцедес, но во исто време ФИА не дава рок до кога ќе мора да одговори на истите.