Улична тепачка меѓу двајца аргентински фудбалери во Буенос Аирес заврши со трагедија. Сигурносните камери снимија како во неколку ситуации двајцата фудбалери се тепаат, а на крајот едниот со нож го убива другиот.
Факундо Еспиндола, голман кој бранел за аргентински нисколигаши, почина по смртоносен убод со нож. А, како убиец е идентификуван Нахуел Овиедо, напаѓач на аргентински и чилеански клубови.
Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?
Двајцата фудбалери се спречкале додека биле пред еден ноќен клуб, а засега мотивите се непознати. Сведоците велат дека прво било само вербална провокација, а потоа и неколку пати физички се пресметале. Во еден момент на камерите се гледа како Овиедо во раката држи нож и го усмртува Еспиндола.